УЛТИМАТУМ ОД 24 ЧАСА: Демонстрантите во Хонгконг бараат локални избори

Демонстрантите забарикадирани на еден универзитет во Хонгконг бараат владата да преземе обврска до 24 ноември да организира локални избори.
Маскиран демонстрант на Кинескиот универзитет во Хонгконг утринава изјави дека владата има рок од 24 часа да го исполни нивното барање за избори.
Студентите и другите демонстранти ги зазедоа водечките универзитетски кампуси во Хонгконг, поставија барикади и се обезбедија со мноштво Молотови коктели и други предмети за борба.
Јавната телевизија РТХК јави дека една коловозна лента во главната улица Толо е расчистена, но дека властите се уште не ја отворија  за сообраќај.

Еден повозрасен маж починал од повредите здобиени кога со некаков предмет бил погоден во глава за време на судирите меѓу приврзаниците на владата и демонстрантите, пренесе Би-Би-Си.

Владата соопшти дека 70-годишниот чистач бил на пауза за ручек кога го погодил предмет што бил фрлен од демонстрантите.

Неделава во Хонгконг е забележана ескалација на насилствата со интензитет на уличните пресметки меѓу полицијата и демонстрантите, како и во судирите на универзитетите.

Антивладините протести во Хонгконг траат повеќе од пет месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот