Украинските служби уапсија маж, им помагал на руските сили при нападот врз Краматорск

Фото: Архива СП

Украинската контраразузнавачка служба (ССУ) објави дека уапсила маж осомничен дека им помагал на руските сили да извршат ракетен напад врз градот Краматорск.

Во нападот беше погодена пицерија, при што загинаа 10 цивили, а повредени се 61 лице. ССУ наведува дека уапсениот живеел во близина на ресторанот.

„Според првичните резултати од истрагата, непријателскиот агент е жител на Краматорск, вработен во локалната компанија за транспорт на гас. Тој снимал згради и автомобили во близина на пицеријата и ја испратил снимката до руското воено разузнавање“, се наведуваа во соопштението на ССУ.

Гувернерот на Донецк изјави дека во моментот на нападот во ресторанот имало голем број цивили. Видеата на социјалните мрежи ја покажуваат разорната моќ на ракетниот напад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот