Украински генерал тврди дека Русите губат позиции кај Бахмут

Украински генерал Олександр Сирски со војниците / Фото EPA-EFE/YEVGEN HONCHARENKO

Украинскиот генерал и командант на копнената армија на Украина Олександр Сирски објави видео на својот Телеграм, снимено од камера на униформа.

Сирски тврди дека снимката е направена во шумата околу окупираниот украински град Бахмут, кој руските сили и платениците на приватната воена компанија „Вагнер “неодамна го ставија под целосна контрола.

„Одбранбените сили продолжуваат да напредуваат на периферијата на градот, а непријателот ги губи позициите кај Бахмут“, објави Сирски, чии тврдења не се независно проверени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот