Украинска пратеничка: Купувањето руска нафта финансира силувања и убиства

Ивана Климпуш / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Годинашниот Светски економски форум (СЕФ) ќе се одржи од утре до четврток во Давос, а првиот говор на СЕФ годинава му е препуштен на украинскиот претседател Володимир Зеленски, иако тој ќе се реализира онлајн.

Војната во Украина, пандемијата на коронавирусот и климатските промени се доминантните теми на годинашниот СЕФ. Покрај Зеленски, како гости на форумот се очекува да се обратат и градоначалникот на Киев Виталиј Кличко и неговиот брат Владимир.

Украинската пратеничка и членка на украинската делегација на СЕФ, Ивана Климпуш за „Sky News“ изјави дека потпирањето на Европа на руската нафта и гас ги финансира силувањата и убиствата на украинските деца.

Таа додаде дека Западот мора да го прекине својот вообичаен бизнис со Русија и повика на снабдување на Украина со што е можно повеќе оружје и целосно ембарго на руската енергија.

Исто така, на форумот светските лидери, бизнисмени, политичари и аналитичари ќе разговараат и за последиците од војната врз синџирите за снабдување, снабдувањето со енергија и безбедноста на храната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот