Украина утрово соборила 14 руски крстосувачки ракети

Украинските воздухопловни сили (ВВС) известија дека утринава собориле 14 од вкупно 19 крстосувачки ракети истрелани од Русија.

Според властите, едно лице загинало во нападот во источните и централните делови на земјата.

„Според прелиминарните податоци, лансирани се 19 крстосувачки ракети Џ-101 и Џ-155, од кои 14 се уништени“, изјави портпаролот на украинското воздухопловство.

Во нападот едно лице загина во областа Днепропетровск, а четворица се повредени, објави регионален гувернер преку апликацијата „Телеграм“.

Украинските сили продолжуваат со напредувањето кон Мелитопол и Бахмут, додека ги држат своите позиции во други правци, пренесува Укринформ, повикувајќи се на портпаролот на вооружените сили на украинскиот Генералштаб Андриј Ковалев.

– Во двата правци непријателските сили претрпеа загуби во жива сила и воена опрема, нагласи портпаролот.

Осум напади во регионот Запорожје и 24 напади во четири правци во регионот Доњецк беа одбиени, додаде тој. Во правец на Авдеевка, украинските сили продолжуваат да ги задржат московските сили, кои и натаму да се обидуваат да ја опколат населбата. Одбиени 30 непријателски напади.

Уште 14 напади биле одбиени во областите Маринка и Новомихаиловка.

Од 24 февруари 2022 година до 8 декември 2023 година, украинските одбранбени сили елиминирале околу 337.220 руски напаѓачи, вклучително и 990 во последните 24 часа, пренесува Укринформ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот