Украина го возвраќа ударот: Напад со дронови врз руската Црноморска флота на Крим

Воените бродови на руската Црноморска флота, според официјални руски наводи, во заливот кај Севастопол, на Кримскиот полуостров, анектиран од Русија, во изминиот ден одбиле повеќе напади со дронови. Како што пренесуваат новинските агенции различни системи за противвоздушна одбрана со часови биле во акција и се соборени сите беспилотни летала за кои се претпоставува дека се украински.
Во тој контекст американскиот стратешки дрон RQ-4 Globalhawk денеска е забележан како патролира во близина на Севастопол, откако вчера рано се случи нападот на тој град на полуостровот Крим, кој го извршија украински беспилотни летала.
Апликацијата Flight radar24 го забележала стратешкото извидувачки дрон RQ-4 Global Hawk како кружи во неутрален воздушен простор над Црното Море.
Американский разведывательный беспилотник, по данным Flightradar уже несколько часов кружит над нейтральными водами Черного моря вблизи Крыма — РИА Новости pic.twitter.com/HmUYNlkzFT
— Газета.Ru (@GazetaRu) October 29, 2022
– Ние ја чуваме присебноста, ситуацијата е под контрола“, соопшти гувернерот поставен од страна на Москва, Михаил Развошајев преку Телеграм. Спорд властите, бродскиот сообраќај во заливот бил првремено прекинат од безбедносни причини. Севастопол е важна база на руската Црноморска флота.
⚡️ Russian media: Explosions in occupied Sevastopol, drones reported shot down.
Russian state media, including TASS and Ria Novosti, cited a local Russian proxy, who said incoming drones were repulsed by Russia's Black Sea Fleet above the Bay of Sevastopol.
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) October 29, 2022
Полуостровот постојано го потресуваат експлозии, за кои Русија ја обвинува Украина, властите зборуваат за „саботери и терористи“. Украина не ја презема официјално одговорноста за нападите на Крим.