Украина е подготвена да го ограничи извозот на храна во ЕУ поради Полска

Доналд Туск
Доналд Туск / Фото: Слободен печат, Архива

Украина е подготвена да го ограничи извозот на храна во Европската унија за да ја олесни загриженоста на полските земјоделци, изјави Тарас Качка, заменик министер за економија на Украина. Според него, како што пренесува Блумберг, Киев може да користи алатки кои ќе го стабилизираат наглото зголемување на извозот во ЕУ.

„Ќе прифатиме извозот да не расте толку брзо и нагло како претходните години“, рече Качка. Тој додаде дека „предвидливоста на пазарот во моментов е поважна за украинските производители отколку агресивното проширување“.

Полскиот премиер Доналд Туск претходно изјави дека неговата влада размислува за привремено затворање на границата за трговија со Украина доколку Варшава не постигне договор со Киев за ограничување на увозот на храна.

„Полска плаќа превисока цена за одлуката да започне слободна трговија со Украина“, смета Туск.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот