УЕФА, Џорџо Маркети: Веруваме дека двомечот меѓу Левски и Шкупи ќе продолжи без инциденти

фото: EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Европската фудбалска унија (УЕФА) презеде итни мерки да не се дозволат гостински да влезат на реванш натпреварот од второто квалификациско коло од Конференциската лига помеѓу Левски и Шкупи кој ќе се одигра на 3 август, четврток, во Софија, пренесува фудбалската федерација на Бугарија.

Ова се случи како резултат на официјалното писмо на претседателот на Бугарската фудбалска федерација, Борислав Михаилов до раководството на УЕФА, во кое беше изразена загриженост за безбедноста и и зачувувањето на јавниот ред за време на натпреварот, доколку им се дозволи на навивачите на ФК Шкупи да бидат на трибините на стадионот „Георги Аспарухов“ поради сериозните проблеми, провокации и инциденти кои се случија на првиот натпревар во Скопје.

фото: принтскрин/bfunion.bg

Во официјален одговор упатен до Борислав Михаилов, заменик генералниот секретар на УЕФА Џорџо Маркети информира дека европската фудбалска куќа недвосмислено го оцени натпреварот во Софија како меч од „висок ризик“, поради што веднаш била одржана средба со претставници на двете национални фудбалски федерации, двата фудбалски клуба и претставници на УЕФА.

Од ФК Шкупи е добиено уверување дека билетите за гостинските навивачи нема да бидат пуштени во продажба, а двата клуба се повикани јасно да ѝ соопштат на јавноста дека натпреварот во Софија ќе се одржи без присуство на навивачи од Македонија.

– Веруваме дека двомечот ќе продолжи без инциденти и би сакале да им се заблагодариме на клубовите и националните федерации за нивната поддршка во ова прашање – се вели во дел од писмото на Џорџо Маркети.

Распродадена „Герена“: Шкупи пред полни трибини ќе го игра реваншот против Левски Софија

Неславен резултат на натпреварот Шкупи – Левски: 21 приведен – 1 повреден

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот