УЕФА бара поголема соработка со владите во борбата против местењето натпревари

фото: УЕФА

Европската фудбалска унија, УЕФА бара партнер кој ќе ги советува како подобро да се соработува со полицијата и обвинителите, со цел посилна борба против местењето натпревари.

УЕФА постави рок до 28 октомври, заинтересираните да прикажат студија, со која би се испитале начините за унапредување на фудбалските капацитети за истрага и процесуирање на случаите на наместени фудбалски мечеви.

Европската куќа на фудбалот признава дека во последните години е зголемен проблемот со местењето мечеви и дека капацитетот на УЕФА и другите спортски тела не е зголемен во согласност со заканите од местењата. Неодамна, УЕФА го суспендираше Скендербег на 10 години, но при внатрешната истрага недостигала помош од албанските власти.

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин смета дека најважна е соработката со владите. Изборот на компанијата или агенцијата која ќе работи на полициските, правните, екомонските и политичките полиња, ќе се направи во декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот