Училиштето во Пинтија ќе добие затворен спортски објект и нови училници

Фото: Општина Кисела Вода

Во подрачното основно училиште „Рајко Жинзифов“ во Пинтија ќе се гради спортски објект. Оваа иницијатива на градоначалниот Орце Ѓорѓиевски денеска ја поддржа општинскиот Совет, со што ќе се овозможи осовременување на наставата по физичко образование и услови за дополнителни спортски активности на младите. Воедно, како што информираат од Општина Кисела Вода, изградбата на овој спортски објект ќе овозможи ослободување на простор во училиштето кој по преадаптивните зафати ќе биде искористен за нови училници, со што ќе се зголеми целокупниот капацитет на ова подрачно училиште, во кое моментално учат 250 ученици.

 Сите тие ќе добијат поквалитетни услови за одвивање на наставниот процес, бидејќи покрај тоа што добиваат нов простор за наставата по физичко образование, добиваат и нови училници. Согласно предвиденото, ослободениот простор во училиштето ќе биде преадаптиран, со што ќе се зголеми комодитетот за следење на наставата и по другите предмети. Затвореното спортско игралиште, пак, кое ќе се протега на 380 квадратни метри, носи големи придобивки бидејќи ќе им овозможи на учениците и на младите од Пинтија, подобри услови и повеќе можности за различни спортски активности и игри, што има позитивно влијание врз нивното физичко здравје и развој – изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој додаде дека средствата за започнување со изградбата на објектот се обезбедуваат од Буџетот на Општина Кисела Вода.

ПОУ „Рајко Жинзифов“ во Пинтија е изградено во 1983 година. Наставата се одвива во две смени со вкупно 12 паралелки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот