Учениците од Карпош ќе учат како да си помогнат во случај на опасност

Дирекцијата за заштита и спасување од денеска почнува со обуки за заштита и спасување за учениците од основните училишта во општина Карпош.

Првата обука ќе биде во ООУ „Братство”, а утре ќе се обучуваат учениците од ООУ „Војдан Чернодрински”.

Практичниот дел од обуката ќе го изведува тим од Одделението за заштита и спасување при општина Карпош во соработка со Одделението за образование и тоа на 28 октомври во ООУ „Братство”, а на 29 октомври во ООУ „Војдан Чернодрински”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот