Учениците од ООУ „Димитар Македонски“ конечно ќе се вратат во училишните клупи

ОУ Димитар Македонски, Фото: Слободен печат/Ристо Пејовски

Учениците кои досега следеа онлајн настава поради немање на соодветен училишен објект веќе од второто полугодие на оваа учебна година ќе започнат да следат настава со физичко присуство во новиот училишен објект на училиштето „Димитар Македонски“ во Општина Аеродром.

Долго време го очекувавме моментот да влеземе во училиштето и да започнеме со еден нормален процес на настава и од второто полугодие ќе  почнеме со воспитно образовна работа согласнио протоколите во новиот училишен објект. Станува збор за целосно нов објект. Стариот објект на училиштето е целосно срушен. Капацитетот на новиот училишен објект е за околу 700 ученици кои ќе функционираат во две смени – истакна директорката на ООУ „Димитар Македонски“ Јулијана Тодоровска која дообјасни дека во моментов во училиштето има 550 ученици.

Инаку, училиштето е изградено на местото на стариот објект кој беше урнат. Оставена беше само спортската сала која е реновирана.

После неколку години градба, во второто полугодие учениците ќе можат да го стартуваат  образованието со физичко присуство во ова ново училиште – истакна министерката за образование и наука Мила Царовска.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот