Убиецот од Сплит во изолација: Филип сместен сам во ќелија, неговата мајка вели дека се плаши за него

Фото: Фејсбук

Завадлав, за потсетување, се наоѓа во истражен затвор поради опасност од повторување на кривичното дело.

Тројниот убиец од Сплит, Филип Завадлав (25), моментално е сместен во болница за лица лишени од слобода во Загреб и чека психијатриско вештачење, пренесува Телеграф.рс

– Се откажав од правото на жалба на решението за спроведување на истрагата и жалба на решението за одредување на истражен затвор. Тоа го направив за постапката да не се стопира и за што побргу да изврши психијатриско вештачење на мојот клиент. Решението за истрагата стана правосилно и сега нема пречки веднаш да биде издаден налог за негово психијатриско вештачење – објаснил адвокатот Бранко Шериќ.

Исто така, додека решението за спроведување на истрагата не стане правосилно, судијата во истрагата не може да почне да го испитува сведокот. Завадлав, за потсетување, се наоѓа во истражен затвор поради опасност од повторување на кривичното дело.

Бидејќи посетите во затворската болница се дозволени во понеделник и среда, адвокатот на Завадлав не може да го посети својот клиент пред понеделник. Момчето, кое во саботата со рафали од автоматска пушка уби три лица во центарот на Сплит, како што јавуваат хрватските медуми, се наоѓа во своевидна изолација.

Според овие информации, тој е сам во ќелија и сам оди на прошетка. Обезбедувањето е организирано на тој начин што никој не му се доближува ниту пак контактира со него.

Одговорните со оваа мерка сакаат да ја елиминираат секоја можност за какви било инциденти во кои Завадлав би бил мета, или можеби пак тој би нападнал некој.

Неговата мајка вели дека се плаши за него

– Се плашам за него, стравував и пред да се случи трагедијата – рекла за 24сата.хр, Етел Завадлав, мајката на трикратниот убиец. Таа се наоѓа во странство и како што вели, тешко и е да разговара без консултација со адвокат.

Таа не сакала да одговара на прашањата за детството и растењето на своите синови, како ниту за шпекулациите за нивно злоставување. Не го споменала ниту својот наводен престој во затвор.

Жал и е за убиените

– Имав проблем со зависноста, но некоколку години бев на рехабилитација и сега сум добро. Таму се запознав со вистината за еванѓелието за Исус Христос, и оттогаш сум чиста. И покрај многуте напори да воспоставам мирен живот за мене и моите синови далеку од Сплит, не успеав, иако многу се трудев за тоа – рекла Етел, која го изразила и своето сочувство до семејствата на загинатите.

-Јас секако сум со мојот син, кој страшното злосторство го направи во растројство, но воопшто не ми е мило кога се плука по покојните. Прочитав навистина многу одвратни коментари, во смисла дека тоа го заслужиле. Знаете ли колку е тоа лошо? Мене ми е жал за нив. Жал ми е и за нивните најблиски. Без разлика на тоа што тие, или сите вие мислите сега за мене, мене ми е жал за нив. Мојата болка не е помала од онаа на нивните родители, верувајте ми – тврди мајката на убиецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот