Убедлива победа: Џонсон го освои мнозинството на парламентарните избори во Велика Британија

Фото: Дејли мејл

Според првичните резултати од излезните анкети, Конзервативната партија на Борис Џонсон освои мнозинство гласови на денешните вонредни парламентарни избори во Велика Британија.

Конзервативците освоија 368 мандати, додека Лабуристичката партија на Џереми Корбин – 191.

Околу 46 милиони Британци вчера гласаа за новиот состав на Долниот дом на Парламентот, кој има 650 пратеници.

Избирачките места беа затворени во 22 часот по локално време.

Со ваков резултат, Борис Џонсон ќе може сам да формира влада, што ќе му овозможи да го забрза брегзитот.

На последните пет национални избори, само една излезна анкета предвиде погрешен резултат – во 2015 година кога се чинеше дека Британија ќе добие „неизвесен парламент“, односно малцинска или коалициска влада, но всушност тогаш конзервативците го освоија мнозинството, добивајќи 14 пратеници повеќе отколку што покажаа предвидувањата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот