Убедлив триумф на Шкендија за минус осум од лидерот Вардар

фото: ФК Шкендија

Во 21. коло од ПФЛ, актуелниот шампион со 4:1 ја совлада Македонија ЃП.

Екипата на Шкендија оствари убедлив триумф од 4:1 против „лавовите“ и повторно има едноцифрена негатива во однос на лидерот Вардар. Тетовчани го искористија киксот на Вардар кој вчера ремизира со Работнички и со новите три бода дојдоа на минус осум во однос на скопските „црвено-црни“.

Гол серијата во Тетово ја отвори Омар Имери во 39.минута, а во второто полувреме, во 58. минута Македонија ЃП преку Ален Јашаровски кој беше прецизен од ударот од белата точка успеа да израмни на 1:1.

Но, тоа беше се што направија „лавовите“, бидејќи само две минути подоцна, Незири донесе ново водство за Шкендија. До крајот, тетовчани со головите на Имери и на Зејнулаи ја завери победата.

Атрактивен натпревар со пет гола се одигра и во Чаир, каде на крајот Ренова со 2:3 го совлада Шкупи.

Шкупи поведе преку Сержињо во 24.минута, а Ренова во самиот финиш на првиот дел направи пресврт со головите на Кадриу и Адеми. Во второто полувреме, во 65. минута Кадриу со својот втор гол донесе предност од 1:3, а се што домашните фудбалери успеаја да направат беше да го ублажат поразот преку Сержињо во 80. минута.

Тотално спротивна слика беше во Струмица каде Академија Пандев и Борец ремизираа играјќи без голови.

Резултати 21.КОЛО:
Шкендија – Македонија ЃП 4:1
Шкупи – Ренова 2:3
Академија Пандев – Борец 0:0
Вардар – Работнички 0:0
Струга ТЛ – Силекс0:0

Табела:
1. Вардар 43
2. Шкендија 35
3. Силекс 32
4. Македонија ЃП 29
5. Академија Пандев 28
6. Шкупи 25
7. Струга ТЛ 25
8. Ренова 25
9. Работнички 22
10. Борец 21

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот