Убава вест: Претквалификацискиот турнир за СП 2023 ќе се игра во Скопје

Фото: kfsm.mk

Македонската кошаркарска федерација доби уште една потврда плус за својот организаторски потенцијал. Ја доби довербата од страна на Светската кошаркарска федерација да биде организатор на еден од претстојните турнири кои се дел од претквалификациите за пласман на Светскиот Куп 2023 година.

Скопје ќе биде градот домаќин на таканаречениот „балон“ односно групата „Ф“ во која освен нашата, ќе играат уште и сениорските селекции на Швајцарија и на Словачка. Тоа е уште една одлична можност, од повеќе аспекти, за нашиот сениорски национален тим да исчекори кон главниот дел – место во мундијалските квалификации.

А во оваа прва фаза, согласно со ждрепката, на 12. август ќе играме против селекцијата на Швајцарија. Два дена подоцна, на 14. август, ќе играме против Словачка. На 16.август ни следува средбата со Швајцарија, додека турнирот во Скопје ќе го затвориме на 18.август, со натпреварот против селекцијата на Словачка.

Согласно со пропозициите на ФИБА, првопласираните две репрезентации од овој турнир ќе бидат дел од главните квалификации за пласман на Мундобаскетот во 2023 година.

Во исто време, Бордот на ФИБА-Европа ги одреди и организаторите на преостанатите три претквалификациски турнири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот