Убав гест на Тричко во Кипар: И ривалот му аплаудираше на Македонецот! (ВИДЕО)

фото: goal.com.cy/goal.philenews.com

И во новата сезона македонскиот репрезентативец продолжува да ги тресе мрежите во најсилното кипарско првенство.

Иван Тричковски денеска во рамките од првото коло во триумфот на АЕК Ларнака на гостувањето кај Неа Саламис (1:2).

Токму Македонецот донесе водство во 38 минута за 0:1, а веднаш потоа изрази сочувство кон легендата на кипарскиот фудбал Јоргос Теодоту подарувајќи му дрес со името на Никола Теодоту, неговиот неодамна починат син. И противничките навивачи на трибините аплаудираа на овој убав гест.

Во составот на гостите настапија уште двајца наши фудбалери, Даниел Мојсов и Стефан Спировски.

Голот на Тричко можете да го погледнете на 02:20 мин. на видео записот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот