УБ | „Меѓаши“: Да престане злоупотребата на деца во политичките кампањи

Јулија Велсковска, „Меѓаши“ / Утрински брифинг

Агенцијата со мониторинг на изборното медиумско претставување за време на Локалните избори 2021 година, констатираше дека на повеќе медиуми во земјава се емитува платено политичко рекламирање во кое учествуваат малолетници.

Согласно Изборниот законик учесникот во изборната кампања е одговорен за содржината на огласите, соопштенијата, рекламите и другиот снимен материјал чиј нарачател е, но одговорност имаат и радиодифузерите имајќи го предвид член 76 став 3 од Изборниот законик во кој изричито е пропишано дека не е дозволено учество на малолетници во платено политичко рекламирање.

И од Првата детска амбасада во светот Меѓаши со став дека треба да се почитува забраната за злоупотреба на деца во политички кампањи. Затоа ја прашавме Јулија Велковска – СОС оператор на телефонот за деца и млади при Меѓаши какви се нивните информации за ова и дали добиле поплаки од граѓани.

-Да во повеќе наврати добиваме реакции од граѓаните, најмногу преку Фејсбук и електронска пошта, каде што им е полесно да ни испратат директни линкови од рекламни материјали од повеќе политички партии. Рекламирањето е одговорност на нарачетелите, но и радиодифузерите можат да влијаат, да престанат со емитување на таквите реклами или да укажуваат. Ние во неколку наврати реагиравме до неколку политички фигури од разни политички партии. Но, треба сите да реагираат оти сите заедно можеме повеќе да направиме затоа што ова е проблем што со години се провлекува, вели Велковска за Утрински брифинг.

„Меѓаши“ соработува и со државните институции задолжени за заштита на правата на децата и законитоста.

-Кај Народниот правобранител испративме слики и видеа, но немаме повратна информација дали е некој казнет, дали имаме бенефит од тоа казнување, дали ќе се престане со оваа практика. Некои политичари кај кои сме реагирале гледаме дека продолжуваат и понатаму со истата практика, вели Велковска од Меѓаши.

Оттаму порачуваат да не се става во залог иднината на децата во политичките кампање.

-Децата треба да се имаат предвид во текот на целата година, а не само во предизборен период. Кандидатите за функции треба да бидат пример за децата оти децата еден ден ќе бидат на нивно место кога ќе пораснат, вели Велковска.

Таа коментира дека се врши заобиколување на законите со што се толерира оваа практика која е забранета и со Законот за заштита на децата во кој се забранува нивно учество во политичко и верско организирање.

Целиот разговор во видеото

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот