ФОТО: Притнтскин Youtube, Европол

Во Германија се уапсени водачи на Балканскиот картел, запленет е имот вреден 5 милиони евра

Во голема меѓународна операција поддржана од Европол, разбиена е истакната ќелија на таканаречениот Балкански картел, пишуваат српските и хрватските медиуми.

Тројца клучни членови се уапсени денеска во Германија, а имот вреден повеќе од пет милиони евра е запленет во операција во која учествуваа полициите на Австрија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија, соопшти Европол.

Од тројцата уапсени, еден е државјанин на Србија.

Денешната акција, во која учествуваа дури 500 полицајци, е кулминација на сложена истрага за шверц со дрога, перење пари и шверц со оружје. Вкупно 45 објекти биле претресени низ цела Германија.

За време на претресите, запленети се околу 50.000 евра во готово, два златници, бројни луксузни предмети како накит, часовници и чанти, како и три скапи автомобили. Покрај тоа, пронајдено е наполнето огнено оружје со муниција, а конфискувани се и разни документи и електронски уреди, кои во моментов се испитуваат.

Истрагата откри дека оваа криминална ќелија е одговорна за испорака на неколку тони кокаин со потекло од Колумбија, користејќи бројни методи за шверцување на дрогата во Европа. Мрежата била вклучена и во перење пари преку компании и недвижности во неколку земји во и надвор од ЕУ.

„Тројцата уапсени имале различни улоги во криминалната мрежа – од финансиери и координатори до експерти за логистика. Главниот осомничен, по потекло од Западен Балкан, а живее во Германија, е познат по тоа што користи препознатливо лого за кокаин како еден вид заштитен знак“, пишуваат хрватските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот