Уапсени наоружани дилери во стан во Нови Сад полн со марихуана, амфетамини, екстази и кокаин

Припадници на српското Министерството за внатрешни работи во Нови Сад ги уапсија Л. З. (26) и М. С. (45) поради постоење основи за сомнение дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотици.

При претрес на станот во кој престојувале непријавени, полицијата открила 4,7 килограми марихуана, 200 грама амфетамини, 70 грама кокаин, 786 таблети екстази, две дигитални ваги, мешалка со траги наркотични средства, пиштол и 11 куршуми, како и пари за кои се сомнева дека потекнуваат од трговија со наркотици.

Покрај кривичната пријава за неовластено производство и пуштање во промет наркотични средства, J.З. ќе добие кривична пријава за кривично дело недозволено производство, држење, носење и трговија со оружје и распрскувачки материи. На осомничените им е одреден притвор до 48 часа, а во законски предвидениот рок ќе бидат донесени во Вишото јавно обвинителство во Нови Сад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот