Уапсени двајца ресенчани, фрлиле експлозивна направа во двор на жител во Царев Двор

Фото: Архива

Полициски службеници од ОВР Ресен вчера ги лишија од слобода С.К.(34) и О.Б.(47), двајцата од Ресен.

Тие се сомничат дека на 07.03.2022 извршиле кривично дело „предизвикување општа опасност”, со фрлање на експлозивна направа во двор на жител на с.Царев Двор, ресенско.

Во координација со Јавен обвинител, по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот