Уапсена скопјанка, ја нападнала својата 73-годишна мајка

Фото: МИА

Средовечна жена од Скопје вчера претпладне е уапсена откако ја нападнала сопствената мајка, соопшти МВР.

„На 15.04.2023 во 11.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода Х.Д.(43) од Скопје затоа што физички ја нападнала нејзината 73 – годишна мајка“, пишува во кусото полициско соопштение.

Во исто време, сличен инцидент е забеле

По целосното документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.

Во исто време, сличен случај на семејно насилство е забележан и кочанско, каде син ја нападнал мајка си, по што бил уапсен.

„На 15.04.2023 во 14.10 часот во кочанско, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода А.Г.(31) од кочанско затоа што физички ја нападнал неговата 60-годишна мајка. По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот