Уапсен убиецот од Глумово

Довчерашниот бегалец од правдата е обвинет за кривично дело убиство.

После една година полицијата го откри убиецот кој на втори март лани на локалниот пат меѓу скопските села Шишево и Глумово, со полуавтоматски пиштол уби познаник, а се обиде да убие уште еден, но за среќа не успеал. Уапсениот е обвинет за кривично дело убиство.

„Осомничениот со својот автомобил го пресретнал автомобилот во кој се наоѓале двајцата оштетени заедно со уште едно лице – сведок на настанот и започнал вербална расправија.

Во момент кога еден од оштетените започнал да се враќа кон своето возило за да влезе, обвинетиот му се приближил на кратко растојание и испукал кон него еден проектил од пиштолот, нанесувајќи му тешка телесна повреда во вид на огнострелна рана во пределот на главата.

Потоа тргнал да се пресмета и со вториот оштетен. Сведокот се попречил меѓу нив, но обвинетиот му наредил да се тргне. За тоа време, оштетениот започнал да бега, па обвинетиот се стрчал и испукал повеќе проектили кон него, нанесувајќи му две огнострелни повреди.

Како последица на овие повреди, оштетениот починал непосредно по приемот во болница. По настанот, обвинетиот се дал во бегство и една година беше недостапен на органите на прогонот“ велат од МВР.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот