Уапсен таксист во Токио, обвинет дека намерно влетал со автомобил во јато гулаби

Гулаб / Фото Архива

За некои, тие се уште еден вид пердувести пријатели; за други, тие се стаорци со крилја чиј измет ги обезличува историските градби. Но, во Јапонија, гулабите можеби станале жртви на криминал, откако полицијата уапсила таксист од Токио под сомнение дека намерно влетал во јато птици, убивајќи една од нив, пишува Гардијан.

Осомничениот Ацуши Озава (50) „го искористил својот автомобил за да убие обичен гулаб, кој не е дивеч“, во јапонската престолнина минатиот месец, и беше уапсен во неделата поради кршење на законите за заштита на дивиот свет, изјави портпаролот на полицијата во Токио за агенцијата Франс прес.

Осомничениот и рекол на полицијата дека влетал во птиците бидејќи „патиштата се за луѓето, а на гулабите им останува да ги избегнуваат автомобилите“, според локалните медиуми.

Во Јапонија има ограничен број на гулаби кои можат да се ловат, но нивните диви, урбани братучеди можат да се убиваат само ако се докаже дека ја вознемируваат јавноста – како што е предизвикување штета на посевите и добитокот – и само со одобрение од локалните власти.

Таксистот, наводно, излетал од патот и удрил во птиците со брзина од 60 километри на час, јавуваат јапонските медиуми. Наводниот инцидент во полиција го пријавил случаен минувач кој бил предупреден од звукот на моторот на автомобилот додека тој забрзувал.

Со оглед на неговата работа како професионален возач, полицијата ги опишала неговите постапки како „многу злонамерни“ – размислување што ги поттикнало да продолжат со необичното апсење, објави ТВ мрежата Фуџи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот