Уапсен шеф на италијанската мафија додека бил на велигденска вечера

Осомничениот шеф на мафијашката група  „Паљарели” ја напуштил Италија за Бразил пред извесно време, но се вратил во Палермо пред Велигден.

Полицијата во Сицилија го приведе Џузепе Калварусо, осомничен шеф на мафијата. Акцијата е спроведена за време на славеничката вечера откако се вратил дома во Палермо за Велигден од Бразил, каде претходно побегна, јави Анса.

Осомничениот шеф на мафијашката група  „Паљарели” ја напуштил Италија за Бразил пред извесно време, но се вратил во Палермо пред Велигден.

Полицијата уапси уште четворица мажи, осомничени дека биле активни во сицилијанската организација Коза Ностра. Осомничените се обвинети за изнуда, напад, киднапирање и други тешки кривични дела, пренесува ДПА.

Рацијата беше координирана од обвинителите во Палермо и други истражители кои се борат против мафијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот