Уапсен Мишел Платини

Фудбалската легенда и поранешен претседател на УЕФА, Мишел Платини денеска е уапсен во Франција во рамки на истрагата околу доделувањето на организацијата на СП 2022 година на Катар.
Платини во 2007 година дојде на чело на УЕФА и беше прв човек на оваа организација се до 2015 година кога етичкиот комитет на ФИФА го суспендира од сите функции бидејќи примил мито од 1.4 милиони евра.

Според „Медиапарт“, Платини утрово е уапсен од француската полиција како дел од истрагата за доделувањето на организацијата на Светското првенство 2022 година во Катар. Платини е приведен на испрашување во просториите на судската полиција (OCLCIFF) која ги презеде ингеренциите од француската полиција во истрагата за мито во изборот на Катар за домаќин на СП 2022 година. Се шпекулира дека Катар платил околу 400 милиони евра мито за да ја добие организацијата на мундијалот во 2022 година.

Во декември 2010 година, Катар на контроверзен начин ја доби организацијата на СП 2022, а четири години подоцна, Платини призна дека имал таен состанок со Мохамед Бин Хамам, претседателот на Азиската фудбалска федерација пред гласањето. Според извори од истрагата, Платини признал дека имал средба и со луѓе од Фудбалска федерација на Катар во хотел во Швајцарија, неколку денови пред гласањето на кое ветил дека ќе лобира за малата азиска земја да ја добие организацијата на СП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот