Туск го отфрли предлогот на Зеленски за итна средба на границата

Туск и Зеленски / Фото EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Полскиот премиер Доналд Туск денеска го отфрли апелот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски итно уште утре на граница да се сретне, можеби заедно со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејнен, за да се реши ескалацијата на блокадите на границата со Украина поради протестите на полските земјоделци и транспортери.

„Јасно кажав. Не ни треба симболика во нашите односи. Владите на Полска и Украина ќе се сретнат на 28 март во Варшава“, го одби апелот на Зеленски полскиот премиер.

Туск потсети дека Полска долго време дава до знаење дека обврска на нејзината влада е да го заштити својот пазар, вклучително и земјоделските производи.

„Предупредивме на заканите поврзани со либерализацијата на трговијата со Украина. Помошта за Украина во војната со Русија е без дискусија. Ќе бараме решение и во преговорите со Украина и европските институции така што помалку да се почувствуваат негативните последици од либерализацијата на трговијата со Украина. Земјоделците можат да сметаат на мене“, рече Туск на прес-конференција во Варшава.

Претседателот Зеленски, по се позачестените немири на протестите на полските земјоделци фрлањето од страна на демонстрантите на жито од украинските камиони и вагони на патиштата или железничките пруги, иако се во транзит на други пазари, ги обвини Полјаците за недостиг на солидарност. со земјата во војната, а претставниците на двете влади дури разменија закани дека ќе стават целосно ембарго за увоз на стоки од друга земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот