ТУРЦИЈА ГО ПРЕКРШИ ДОГОВОРОТ СО САД: Нови напади на воените сили во Сирија

Фото: Миа

Турските воени сили ги обновиле нападите врз градот Рас ал Аин, во североисточниот дел на Сирија, и покрај претходно постигнатиот договор со САД за привремен прекин на воените дејствија, пренесе Тасс.

Претходно се појави информација дека во овој сириски град било слушнато пукање од автоматско оружје и дека уште се водат борби, а над неколку квартови од градот се кревал густ чад.

Турција се уште нема дадено коментар на оваа нова ситуација.

Анкара на 9 октомври ја почна операцијата „Извор на мирот” во североисточна Сирија. Нејзина цел е создавање „тампон зона”, која треба да се претвори во заштитен појас за турската граница. Освен тоа, Анкара има планови таму да ги расели сириските бегалци кои во моментов се наоѓаат во камповите во Турција. Меѓународната заедница ги осуди дејствијата на Анкара, а владата во Дамаск оваа операција ја оцени како агресија врз земјата.

Според вчерашниот договор Пенс-Ердоган, Турција се согласи на прекин на огнот во траење од 120 часа, период за кој курдските сили треба да се повлечат од тампон зоната, утврдена од Анкара.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот