Турција го обвини Израел за тероризам

Реџеп Таип Ердоган/ Фото: EPA-EFE/TURKISH PRESIDENT PRESS OFFICE HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Ердоган остро ги осуди нападите и прогонот на Палестинците, додавајќи дека Турција ќе направи се што е во нејзина моќ да го мобилизира целиот свет, особено исламскиот, да ги запре израелските акции.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган телефонски разговараше со палестинскиот лидер Махмуд Абас и со еден од лидерите на Хамас, Исмаил Ханија, во врска со израелските напади врз Палестинци и џамијата Ал Акса.

Ердоган остро ги осуди нападите и прогонот на Палестинците, додавајќи дека Турција ќе направи се што е во нејзина моќ да го мобилизира целиот свет, особено исламскиот, да ги запре израелските акции.

– Анкара ќе продолжи да ја поддржува палестинската кауза, ќе застане заедно со своите палестински браќа и ќе ја брани честа на Ерусалим, истакна турскиот претседател.

Најмалку 305 лица се повредени кога израелската полиција упадна во џамијата Ал-Акса во источен Ерусалим.

Џамијата Ал-Акса е трето најсвето место во светот за муслиманите. Евреите оваа област ја нарекуваат „Планина на храмот”, тврдејќи дека во античко време тука се наоѓале два еврејски храма.

Израел го анексираше Источен Ерусалим, каде се наоѓа Ал-Акса, за време на арапско-израелската војна во 1967 година, а во 1980 година целиот град стана дел од Израелската држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот