Турција им го отвори патот на Шведска и Финска во НАТО, Столтенберг честиташе

Турција, Шведска и Финска денеска потпишаа меморандум за процесот на приклучување на Шведска и Финска во НАТО, јавува Анадолија.

Меморандумот го потпишаа турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и неговите колеги од Финска и Шведска, Пека Хависто и Ана Линде.

На потпишувањето присуствуваа турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, финскиот претседател Саули Нинисто и шведската премиерка Магалена Андерсон.

Меморандумот беше потпишан во центарот ИФЕМА во Мадрид, каде се одржаа средби во рамките на Самитот на НАТО.

Детали од меморандумот засега не се објавени.

Столтенберг задоволен

Турција се согласи да ги поддржи напорите на Финска и Шведска за влез во НАТО, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

– Со задоволство можам да објавам дека сега имаме договор кој го отвора патот за Финска и Шведска да се приклучат на НАТО, изјави тој за новинарите на маргините на Самитот на НАТО во Мадрид.

– Турција, Финска и Шведска потпишаа меморандум кој се однесува на загриженоста на Турција, вклучително и извозот на оружје и борбата против тероризмот, додаде тој

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот