Ентони Албанезе / Фото EPA-EFE/LUKAS COCH

Турција конечно ќе биде домаќин на КОП31

Турција ќе биде домаќин на самитот на високо ниво на Обединетите нации за климата следната година, додека Австралија ќе ги координира владините преговори во нејзини рамки, врз основа на компромисен договор што го објави денес австралискиот премиер Ентони Албанезе.

Двете земји, кои бараа да бидат домаќини на самитот од 2022 година и одбија да се откажат, првично постигнаа договор за организирање на КОП31 во Турција и подготвителни разговори во Пацификот и во Австралија, при што втората ќе претседава со преговорите, објасни Албанезе.

„Она до што дојдовме е голема победа за Австралија, како и за Турција“, изјави премиерот за јавното радио ABC.

Двете земји сега имаат една година да се подготват за самитот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот