Трпкова: Авторите на „Медена земја“ не возат џипови од државни пари, пример се како се прави ремек-дело со љубов и посветеност

Вели дека тешко е да се прифати фактот дека авторите ги надминаа сите и оти се една од ретките светли точки во општественото загадување.

Дали знаете дека авторите на документарниот филм „Медена земја“ не возат џипови од ваши пари и дека се пример за тоа како се создава ремек-дело без државни пари, а со љубов и посветеност?, прашува универзитетската професорка Синоличка Трпова.

На статусот на социјалната мрежа на Фејбук поставува повеќе прашања во однос на успесите на „Медена земја“ и останатите филмови кои биле правени со државни пари во минатото.

-Прашање до сите оние кои имаат мислење за Ханиленд дека не е добар – дали имаат мислење за сите останати филмови правени години наназад за кои се трошени исклучиво државни пари (наши)/милиони, а излегле до Табановце? За милиони евра-државни пари со години(децении) трошени на самодекларирани филмаџии и монополи?, прашува Трпкова.

Вели дека тешко е да се прифати фактот дека авторите ги надминаа сите и оти се една од ретките светли точки во општественото загадување.

-Дали ќе земат Оскар или не, е сосем небитно… тие се светски жители, светот ги прегрна и прифати за свои. Сурфајте на нивниот бран, наместо да се шлапкате и давите во плиткото, вели Трпкова во статусот на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот