Tриесетина стари предмети имало во кабинетот на Вангеловски

До денеска сите такви предмети беа пререферирани, донесени одлуки и 98 отсто од нив се изработени и експедирани, појасни денеска в.д. претседателот на Врховниот суд Фаик Арслани..

Во моментот на примо-предавањето на функцијата во кабинетот на поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски беа затечени триесетина стари предмети кои беа со донесени одлуки, делумно потпишани од судиите, а делумно не. Таквата состојба ја изнесов на Кривичен одел, а потоа и на Кривичен совет и секој предмет одделно го разгледавме и донесовме соодветни одлуки што да се направи, бидејќи таквите предмети не можеа да се верфицираат заради тоа што беше поминато подолго време, појасни денеска в.д. претседателот на Врховниот суд Фаик Арслани.

-На Кривичен одел, а потоа и на Кривичен совет донесовме одлука сите предмети да бидат пререферирани и така се случи. Дадов наредба, со оглед дека се работеше за постари предмети, да се стопира реферирањето на новите предмети од 2019 година и да се завршат сите предмети од 2018 година и постари. До денеска сите такви предмети беа пререферирани, донесени одлуки и 98 отсто од нив се изработени и експедирани. Меѓу предметите имаше еден предмет по жалба за кој во повторената постпака при реферирањето констатиравме дека настапила апсолутна застареност и така заврши. За ваквата состојба во писмена форма е известен Судскиот совет, изјави Арслани во одговор на новинарско прашање на паузата од промоцијата на иницијативата Отворено судство која е дел од програмата „Подобрување на транспарентноста, правната сигурност и ефикасноста на судството во Северна Македонија” и промоцијата на анализата „Отвореност на судството во Северна Македонија”.

Прочитајте и...  Приведен 61-годишник кој пред три дена силуваше девојче во Тетово

Не се сомневам во ништо, порача, затечената состојба ја изнасов на Кривичен одел и Кривичен совет како што налагаат прописите и Законот за кривична постапка, а после тоа како в.д.претседател бев должен да го известам Судскиот совет за констатираната сосотојба што и го напавив.

-Судскиот совет е надлежен да цени ако смета дека има некаков пропуст и евентуално да преземе некои мерки. Не се работи за притворски предмети, туку за предмети кои се затечени во фаза на главна завршена работа, прецизира Арслани.

Во однос на решението на Врховниот суд по жалбата на поранешниот претседател на Судот Јово Вангеловски, в.д. претседателот Арслани рече дека со жрепка се избрани два жалбени совети во Врховниот суд и веќе е земен во работа овој предмет.

Прочитајте и...  Тешка сообраќајка во Куманово, едно лице загина

-Се работи на проучување на предметот и верувам дека во скоро време ќе свикаат седница жалбените совети и ќе донесат одлука. Очекувам тоа да се случи во наредните две до три недели, рече Арслани.

За жалбата на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска рече дека не е сигурен кога ќе решава Кривичниот совет, бидејќи не знае кога предметот ќе дојде на дневен ред.

-Дадов забрана да се решваваат предметите од 2019 година додека не завршиме со предметите кои беа пронајдени при примопредавањето на фунцкијата претседател на Врховниот суд. Веќе ги завршивме тие предмети и сега на ред се предметите од 2019 година меѓу кои и барањето за вонредно поништување на правосилната пресуда за Јанкулоска. Верувам дека многу брзо и тој предмет ќе дојде на дневен ред. Не исклучувам тоа да се случи и до крајот на неделава, рече Арслани.

Прочитајте и...  Затвореник косовец предизвикал пожар во затвор „К'шање"

Нагласи дека не претставува проблем што еден од членовите на Кривичниот совет веќе учествувал во таа постапка, бидејќи, има заменик член и додаде дека тоа е регулирано со годишен распоред за работа.

Прочитај повеќе

Тешка сообраќајка во Куманово, едно лице загина

Слободен печат

Приведен 61-годишник кој пред три дена силуваше девојче во Тетово

Марина Дамческа

Затвореник косовец предизвикал пожар во затвор „К’шање”

Слободен печат

Притворен Македонец кој бил спречен во обид за учество во странска војска и параполициски формации во Сирија

Слободен печат

Приведен скопјанец кој мастурбирал пред граѓани

Слободен печат

Магацин и возило изгореа во пожар во охридско Велгошти

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Обвинение против две лица, вработени во Град Скопје, кои присвојувале пари од граѓаните кои плаќале данок и надоместоци

Слободен печат

Кривична за жител на Дебар кој обиде да силува сограѓанка

Слободен печат

Притвор за лицето кое обљуби 14-годишно девојче во Гевгелија

Слободен печат

Уапсен гевгеличанец за силување на малолетничка

Слободен печат

Бројот на жртви од трагедијата во Романовце се искачи на пет

Слободен печат

Триесетдневен притвор за полициски службеник кој земал мито

Слободен печат