Триесетина луѓе со секири и вили „расчистувале“ кој да добие старателство врз дете

Расправија за старателство врз дете меѓу две големи фамилии и соседи прераснала во масовна тепачка меѓу триесетина луѓе со секири и вили, која имала крвав епилог кога еден од учесниците со нож му нанел убодна рана на З.П. (59) од Кавадарци, кој подоцна починал во болницата во Кавадарци.

Истражителите соопштија дека кавгата настанала за дете од вонбрачна заедница. Осомничениот се обидел да избега, но подоцна бил пронајден со помош на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Полицијата потврди дека уапсениот Х.С. (45) од Кавадарци е осомничен дека при физичка пресметка меѓу повеќе лица со остар предмет му нанел убодна рана на починатиот З.П. (59) од Кавадарци, кој подоцна починал во болницата во Кавадарци.

Во врска со настанот на информативен разговор биле повикани четири лица од Кавадарци. Побаран е и одобрен 30-дневен притвор за осомничениот.

Неофицијално, во текот на расправијата сега покојниот се обидел да ги смири скараните и да ги раздвои. Притоа, осомничениот замавнал со дрво и го удрил оштетениот по глава, го турнал на земја, а потоа го избодел со нож во градите. Дознаваме дека напаѓачот и жртвата се чичковци на родителите на детето кои биле разведени, а се скарале за тоа каде да живее детето.

Од Центарот за социјални работи во Кавадарци информираа дека ја контактирале мајката на детето Е.Р. која уште истата вечер, заедно со малолетното дете, е сместена надвор од градот каде што се чувствува безбедно. Центарот претходно отворил постапка за доверување на малолетното дете П.М. родено во вонбрачна заедница, за уредување на личните односи и непосредните контакти на детето со таткото П.Р.

– Според Законот за заштита и превенција од семејно насилство, стручен тим ги примени сите законски процедури за заштита на мајката и детето – ни рекоа од Центарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот