Триесет и четиригодишен пациент е на респиратор во ГОБ „8 Септември“

ГОБ 8 септември Скопје / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Коронавирусот не ги штеди младите пациенти. Триесет и четиригодишник е приклучен на респиратор во ГОБ „8 Септември“ со тешка клиничка слика од Ковид 19.

Како дополнителен ризичен фактор за овој млад човек е и тоа што има прекумерна телесна тежина. Состојбата му е критична со пневмонија а во болницата е хоспитализиран пред 5 дена, на 11 јули.

Во изминатото деноноќие во ковид центарот на оваа болница, се примени седуммина пациенти, а испишани на домашно лекување се двајца.

Изминатата ноќ починал еден пациент позитивен на Ковид 19 на возраст од над 60 години.

Директорот на ГОБ 8 Септември, доктор Христијан Костов вели дека во моментов во болницата има 94 позитивни пациенти кои се хоспитализирани. Од нив на респиратор се шестмина а двајца на сипап поддршка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот