Три лица од Скопје заработија кривични пријави за питачење

Фото: Слободен печат

Одделенијата за криминалистички работи во Единиците за внатрешни работи при СВР Скопје, во содејство со Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Скопје, во периодот од 08 до15 април годинава преземаа мерки и активности за спречување на „питачење”, при што лишени од слобода биле С.К.(26), Б.Б.(33) и Е.Л.(30) сите од Скопје, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.

С.К. и Е.Л. заедно со своите малолетни деца и малолетник чиј старател/родител е Б.Б. биле затекнати при питачење на крстосници и булевари и пред верски објекти на подрачјето на Скопје, со нив бил извршен службен разговор и по целосното документирање на случајот против нив ќе следат кривични пријави, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.201 од Кривичниот законик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот