Три лица каснати од кучиња скитници, меѓу нив и дете

Кучиња скитници
Кучиња скитници / Фото: МИА

Три лица од кои едно дете биле каснати од кучиња скитници вчера во Скопје.

Триесет и двегодишен татко пријавил дека неговата малолетна ќерка била касната од бездомно куче во Шуто Оризари.

„На 18.10.2023 во 12.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Е.С.(32) од Скопје пријавил дека на ул.„Патрис Лулумба“ во Скопје неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник“, информираат од МВР.

Скопјанец бил мета на бул.„Македонско косовска бригада“.

„На 18.10.2023 во 17.20 часот во Полициската станица Бит Пазар, Ј.К.(36) од Скопје пријавил дека на бул.„Македонско косовска бригада“ во Скопје бил каснат од куче скитник“, информираат од МВР.

Кучиња скитници нападнале и четириесет и едногодишен маж во Аеродром.

„На 18.10.2023 во 19.50 часот во Полициската станица Аеродром, С.К.(41) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје бил каснат од куче скитник“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот