Три лица каснати од кучиња изминатото деноноќие

скопје Бездомни кучиња
Бездомни кучиња во Скопје / EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Вчера три лица биле каснати од кучиња во Скопје.

Четириесет и четиригодишен пријавил дека неговиот син бил каснат од бездомно куче во Аеродром.

„На 14.11.2023 во 16.35 часот во Полициската станица Аеродром, П.М.(44) од Скопје пријавил дека на ул.„Руди Чајевац“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник“, информираат од МВР.

Пеесет и шестгодишник бил мета на бездомно куче во Драчево.

„На 14.11.2023 во 22.20 часот во Полициската станица Драчево, Б.Ц.(56) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџиниколов“ бил каснат од куче скитник“.

Жител на село Дивље пријавил дека бил каснат од куче сопственост на неговите соседи.

„На 14.11.2023 во 16.00 часот во Полициското одделение Петровец, Д.С.(69) од Скопје пријавил дека во с.Дивље бил каснат од куче сопственост на негови соседи“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот