Три девојки украле сеф тежок 100 килограми

Сопственикот на станот сè уште не успеал да го докаже потеклото на накитот што бил пронајден кај крадците.

Три девојки од Србија се уапсени вчера во Германија под сомнение дека упаднале во стан во Хамбург, украле сеф тежок повеќе од 100 килограми и од него одзеле вредни предмети.

Полицијата тргнала во потера по нив откако еден од станарите во зградата пријавил дека три жени речиси го собориле додека бегале од местото на злосторството.

Сведокот слушнал бучава од станот на соседот и отишол да провери што се случува. Следниот момент, три жени трчале во негова насока и побегнале од зградата.

Полицијата во големаат потера по трите девојки вклучила и полициски хеликоптер. На крајот полицијата успеале да го запре возилото „пасат“ кое го користеле девојките на возраст од 19, 30 и 42 години.

Тие се осомничени дека упаднале во станот. Се знае дека успеале да го извадат сефот од станот, да го отворат и да го испразнат. Во возилото во кое бегале е пронајдена алатка за кражба, како и вреден накит, за кој се сомнева дека бил украден од сефот.

Според германските медиуми, сопственикот на станот сè уште не успеал да го докаже потеклото на накитот што бил пронајден кај крадците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот