Трета титула за Шкендија

Photo/Facebook

Екипата на Шкендија ја одбрани шампионската титула во Првата фудбалска лига, во 32. коло, како гостин го совлада Работнички со 0:1, додека големиот ривал, Вардар ремизираше на гости кај Шкупи.

На четири кола до крајот на сезоната, Шкендија има 72 бода, дури 13 повеќе од второпласираниот Вардар.
Голот вреден трета шампионска титула, и втора едноподруго, го постигна Енур Тотре во 90 минута.

Вардар со голот на Дарко Мицевски во 88 минута се спаси од пораз на гостувањето кај Шкупи.
Екипата на Беласица продолжува со добрите игри во последно време, пред своите гледачи со 3:1 ја победи Македонија ЃП и ги задржа шансите за опстанок во првата лига. Струмичани во последните четири кола ќе водат грчевита битка за опстанок со Силекс, кој исто така имаше сигурен настап.

„Кратовчани“ ја совладаа Академија Пандев со 3:0, додека отпишаната Победа доживеа вистински дебакл, губејќи со 9:1 од Ренова.

Резултати:
Силекс – Академија Пандев 3:0
Шкупи – Вардар 2:2
Ренова – Победа 9:1
Работнички – Шкендија 0:1
Беласица – Македонија ЃП 3:1.

Табела:
1. Шкендија 72 бода
2. Вардар 59
3. Академија Пандев 53
4. Шкупи 43
5. Ренова 42
6. Работнички 39
7. Македонија ЃП 38
8. Силекс 37
9. Беласица 34
10. Победа 23

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот