Трет бран на ковид-19 во Ј. Кореја: Пријавени 583 нови случаи што дневен рекорд од март

Фото: EPA-EFE/JEON HEON-KYUN

Јужна Кореја, која се бори против третиот бран на ковид-19, во последните 24 часа регистрира 583 нови случаи што е најголема дневна бројка од почетокот на март.

Епидемиолошката состојба се влошува, и покрај новите рестриктивни мерки во Сеул што беа воведени само еден месец по олеснувањето на претходните мерки.

– Ковид 19 е тука веднаш до вас и вашето семејство. Ширењето на инфекцијата е особено големо меѓу помладата популација, рече министерот за здравство, Парк Неунг-хо.

Од почетокот на пандемијата, во Јужна Кореја има вкупно 32.318 заразени и 515 починати лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот