Трепова обвинета за тероризам, на воениот блогер Татарски му дала статуетка полна со експлозив

Фото: Твитер

Истражниот комитет на Руската Федерација побара притвор за Дарија Трепова, осомничената во случајот со терористичкиот напад во кафуле во Санкт Петербург, во кој беше убиен воениот блогер Владлен Татарски.

Против Трепова е покренато соодветно обвинение, јавија руските медиуми.

Според истрагата, Трепова завчера, по инструкции на лица кои оперираат од територијата на Украина, однела статуетка наполнета со експлозив во кафуле во центарот на Санкт Петербург и му ја дала на воениот блогер Максим Фомин, познат под псевдонимот Владлен Татарски. Како резултат на експлозијата која се случи, Фомин почина, а повеќе од 30 луѓе беа повредени.

За време на истрагата за инцидентот, органите на редот извршиле претрес во станот на Трепова во Санкт Петербург, а нејзината мајка и сестра биле сослушани. Првично беше отворено кривично дело за убиство на особено опасен начин, но подоцна беше преквалификувано како терористички напад. Националниот антитерористички комитет соопшти дека операцијата за елиминација на Татарски ја планирале украински специјални служби и оти за нејзино спроведување биле регрутирани агенти кои соработувале со фондацијата на Алексеј Навални.

Во видеата од последните моменти на Татарски се појавува и самата Трепова, која блогерот ја кани да седне покрај бината, нарекувајќи ја „Настија“, името со кое се вели дека се претставувала.

На некои клипови, девојката во еден момент се гледа како ги крева рацете пред телото, како можеби од нешто да се заштити, а потоа ги привлекува кон лицето. Сепак, не е јасно дали овие гестови укажуваат дека таа знаела за експлозивната направа на скулптурата или не.

ВИДЕО | Моменти пред да се активира бомбата од која загина рускиот блогер Татарски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот