Тренчевска: Зголемувањето од 5.000 денари на пензиите е нереално

Јована Теенчевска, министерка за труд и социјала

Најголем дел од пензионерите се задоволни со новата методологија која нуди постојан раст на пензиите и дава одлични резултати, вели Јованка Тренчевска, дополнителна заменик министерка за труд и социјална политика и носителка на листа на ИЕ 4 на СДСМ, во Дневникот на ТВ Сител во врска со моменталната состојба на пензиите и нивниот раст.

-Кога ги креиравме политиките за пензионерите ги креиравме во соработка со Сојузот на здруженија на пензионери и сите за сите овие протести времето наназад велев дека се изолирани и политички потикнати и не беа масовни протести, туку беа протести на кои излегуваа пред се органите на ВМРО-ДПМНЕ. И најголем дел од нив беа со високи пензии и имаше и изјави со име и презиме на Иницијативниот одбор, каде што еден од луѓето зема пензија можеби и над 50.000 денари. Но, најголем дел од пензионерите се задоволни со новата методологија која нуди постојан раст на пензиите и дава одлични резултати –  рече Тренчевска.

Таа посочи дека, затоа е оваа методологија, затоа што пензионерите со ниски пензии пред шест години примале по 6.000 денари пензија.

-Методологијата дава резултат, 30 от стое покачена пензијата само за 2 години, од март 2020 година до март 2024 година имаме 30 отсто покачување на пензијата. Оваа методологија дава видливи резулатати на краток рок, но тие се чувствуваат многу повеќе на среден и долг рок. Затоа велиме дека методологијата е добро решение затоа што усогласувањето 2 пати и кога ќе нема инфлација, сега инфлацијата е стабилизирана од 3 отсто. И кога ќе нема инфлација просечната плата постојано расте, во моментов просечната плата е 40.000 денари, без 2 денари – рече Тренчевска.

Таа тврди дека зголемувањето од 5.000 денари на пензиите е нереално, дека се зголемува дефицитот и се предизвикува нестаблност на пензискиот систем.

-Колку државата повеќе проценти дотира во системот за пензиско, толку системот е понестабилен. Во 2017 година кога дојде СДСМ на власт дефицитот во пензискиот фонд беше 48 отсто. Сега 2024 во март, тој дефицит е намален на 32,5 отсто, значи од една страна се зголемуваат приходите во фондот за пензиско и можеме со ваков дефицит да кажеме дека имаме стабилност со тренд на постојано намалување на овој дефицит, и тоа е целта дефицитот да не се зголемува туку напротив да ги зголемуваме приходите на фондот и да се намалува тој дефицит – вели Тренчевска.

Таа во врска со изјавата на ВМРО-ДПМНЕ за линерано зголемување на пензиите од 5.000 денари, преку кратење на непродуктивните трошоци рече дека воопшто не се работи за непродуктивни трошоци, дека тоа и досега се правело.

-Проблемот е како ние да го зголемиме приходот на фондот за пензиско и инвалидско осигурување? Не е да кратиме, кратиме и ние овде. Не, како ќе ги зголемат ДПМНЕ придонесите, не се работи за кратење на непродуктивните трошоци. Тие непродуктивни трошоци нема да го намалат дефицитот во фондот за пензиско, само зголемувањето – рече Тренчевска.

Таа посочи дека зголемувањето на дефицитот на фондот за пензиско и инвалидско осигурување, ќе донесе крах.

-Со тие мерки ние можеме да го качиме дефицитот и на 60 отсто, а 60 отсто дефинитивно не е добро за системот, предизвикува нестабилност и ќе се доведеме во ситуација, еден момент да не можеме да собереме 8 или 9 милијарди денари за да исплатиме пензии или ќе ги исплаќаме пензиите повторно како што се исплаќаа на времето, на рати, неколку групи, што зборуваше тогаш за нестабилноста. Исплаќањето на секој први зборува дека го одржуваме фондот за пензиско и инвалидско осигурување стабилен и ниту Светска банка нема да дозволи зголемување линеарно на пензиите со вакво зголемување на дефицитот –  рече Тренчевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот