Треба ли да ѝ се скараме и на Унгарија затоа што дава азил?, вели Заев околу екстрадицијата на осудените за „Монструм“ од Косово
Премиерот Зоран Заев, во вечерашното гостување на ТВ24, во врска со одбивањето на Косово да ги испорача во земјава Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, осудени во случајот „Монструм“, изјави дека Владата се обидува да стигне до екстрадицијата преку сите правни механизми.
Препорачано
„Ние како држава бараме со сите правни механизми и алатки што ги има. Многу лесно можете да влезете во кавга со сите пет соседи. Можете од утре да бидете буквално со сите пет соседи скарани, ако притоа не внимавате. И начинот на терање на сите постапки треба да го водите онака како што Европа го води исто со своите соседи“, рече Заев.
Ако за ова прашање се скараме со Косово, со Бугарија ете, не се добри односите поради оваа блокада, нефер, непријатна и неоправдана, што ни ја прават, треба ли да се скараме со Унгарија затоа што, според нас, немаат никаква причина да дадат азил, и по меѓународното право и по правото за давање азил и слично… и ако тргнеме вака, ние ќе останеме скарани со пола од светот и тоа не ѝ носи добро на Северна Македонија, додаде премиерот.


