ТРАНСФЕР БОМБА – АКТИВИРАНА: Ибра се враќа во Европа и го облекува „сино-црниот дрес“!

twitter.com/wakilton

Додека Златан Ибрахимовиќ се надмудрува со космонаут, европските фудбалски гиганти се во трка кој прв ќе го ангажира легендарниот шведски напаѓач.

Според италијанските медиуми, Ибра е на чекор да се врати во поранешниот клуб, како замена за повредениот Алексис Санчез.

Како што се наведува, Швеѓанецот е идеална замена за Чилеанецот кој ќе паузира најмалку три месеци, бидејќи би стигнал без обесштетување и на крајот од годината му истекува договорот со ЛА Галакси.

Да потсетиме, пред неколку дена поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, рече дека Златан Ибрахимовиќ би бил идеално решение за спас на „црвените ѓаволи“, што ги загреа приказните дека популарниот Ибра ќе се врати во Европа, но како што стојат повторно ќе го облече „сино-црниот дрес“

Ибрахимовиќ дресот на Интер го носеше во периодот од 2006 до 2009 година и со „неро-аѕурите“ освои три титули во Серија А.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот