Алексис мораше на операција, се враќа наредната година! (ФОТО)

twitter.com/BBCSport

Во претходните две години немаше многу минутажа на „Олд Трафорд“ каде што беше прогласен за едно од најлошите засилувања на клубот.

Чилеанецот се одлучи за едногодишна позајмица на „Џузепе Меаца“ каде што стартуваше многу добро со два реализирани голови, но следуваше голем хендикеп.

Тој се повреди во пријателскиот натпревар помеѓу селекциите на неговото Чиле и Колумбија кој се играше пред неколку дена.

Деталните прегледи кои ги направи во Милано покажаа дека се оштетени лигаментите на левата нога и Алексис мораше да оди на операција која помина во најдобар ред и сега го чека долго опоравување.

Италијанските медиуми пренесуваат дека околу три месеци ќе биде надвор од терените и ќе се врати во составот на „неро-аѕурите“ кон крајот на јануари. Тоа е сигурно голем удар за него, бидејќи сакаше да докаже во Интер и ги натера челниците на клубот да го откупат неговиот договор од Манчестер јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот