Трамп ѝ се налути на Шпанија, целосно ги прекинува трговските односи
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ќе ги прекинат трговиските односи со Шпанија, откако земјата не ѝ дозволи на американската војска да ги користи нејзините бази за мисии поврзани со нападите врз Иран, објавија американски медиуми.
Препорачано
„Шпанија беше ужасна. Му реков на американскиот секретар за финансии Скот Бесант да ги прекине сите деловни односи со Шпанија. Не сакаме да имаме ништо со Шпанија“, рече Трамп за време на заедничката прес-конференција со германскиот претседател Фридрих Мерц.
„Ел Паис“ претходно денеска објави дека шпанскиот премиер Педро Санчез одлучил да не им дозволи на САД да ги користат американските воени бази во Шпанија за операции против Иран, и покрај можните политички последици од таквата одлука.
Шпанската влада објави дека нема да придонесе на никаков начин во војната предводена од американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, оценувајќи дека ова е конфликт без меѓународна правна основа и без мандат на Обединетите нации.
Шпанската влада претходно нагласи дека се спротивставува на иранскиот режим, но дека отфрла воена интервенција без јасна цел и меѓународен мандат.
Шпанија е меѓу ретките европски земји кои отворено ја осудија акцијата на САД и Израел.


