Фото: EPA-EFE/Carlos Barria / POOL

Трамп: За 10 дена ќе знаете дали ќе се договориме со Иран или ќе одиме чекор понатаму

Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот даде рок од 10 дена за одлука дали ќе продолжи со дипломатија со Иран или ќе нареди воен удар, објави „Аксиос“.

– Можеби ќе треба да одиме чекор понатаму, а можеби и не. Можеби ќе постигнеме договор (со Иран, н. з.). Ќе дознаете во следните, веројатно, 10 дена – рече Трамп за време на состанокот на Одборот за мир за Газа во Вашингтон.

Американски и израелски функционери за „Аксиос“ претходно изјавија дека евентуална воена операција против Иран најверојатно би била масовна кампања што би траела со недели и би можела да започне во наредните денови.

Трамп во средата ги собра своите најблиски советници на состанок посветен на кризата со Иран.

Напредок има, но договор не е на повидок, објави Иран по нуклеарните разговори со САД

Претседателот бил информиран за нуклеарните разговори што се одржале претходно оваа недела во Женева, а групата разговарала за следните чекори.

Трамп во четвртокот изјави дека разговорите поминале добро, но нагласи дека Иран мора да постигне „суштински договор, во спротивно ќе следуваат лоши работи“.

Американски функционер изјави дека Иранците треба да се вратат кај администрацијата на Трамп до крајот на месецот со пакет конкретни чекори што ќе одговорат на загриженостите на САД, изнесени во Женева, во врска со нивната нуклеарна програма.

Американски функционери додаваат дека пристигнувањето на носачот на авиони „УСС Форд“ и неговата ударна група во источниот Медитеран во наредните денови ќе биде клучен фактор за тајмингот на евентуална воена кампања против Иран.

Германија ги повлекува своите војници од Ирак, тензиите растат откако Трамп му се закани на Иран

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот