Трамп тврди дека познатиот новинар ја убил својата помошничка, дали има вистина во тоа?(ВИДЕО)

Фото: EPA

Американскиот претседател, како и инаку во своите пресметки на Твитер, продолжи да ги повторува обвинувањата без да нуди докази

Американскиот претседател Доналд Трамп, соочен со обвинувањата за катастрофален одговор на пандемијата, последните денови и повеќе од вообичаеното се пресметува со политичките противници, критичарите и медиумите.

Додека бројот на потврдените смртни случаи од ковид-19 во САД се наближува до бројката од 100 илјади, Трамп викендот го искористи за играње голф и напаѓање на опозицијските политичари како поранешната противкандидатка Хилари Клинтон која ја нарече „лигушка“  (анг. skank), поранешениот претседател Барак Обама кого го обвинува за небулозната афера за шпионирање на неговите соработнииц кој сам ја нарече „Обамагејт“, моменталниот противкандидат за претседател Џо Бајден, за кого во интервју тврдеше дека „не се сеќава што правел вчера“ како и со претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот Ненси Пелоси, за чиј изглед се потсмеваше на Твитер.

Но, Трамп отиде и подалеку од вообичаеното навредување, понижување и неосновано обвинување на противниците. Овој пат сугерираше и дека познатиот водител на MSNBC, поранешниот републиканец и негов жесток критичар Џо Скарборо ја убил својата поранешна помошничка.

Трамп: Дали психото Џо се извлече со убиство?

Иако ова не е првпат Трамп да алудира на „мистериозната“ смрт на 28-годишната координаторка на услуги на гласачите Лори Клаусутис во 2001. година на нејзиното работно место во зградата на канцеларијата на тогашниот конгресмен на Флорида, Џо Скарборо. Но пред две недели отворено го постави прашањето дали „психото Џо“, како што поинаку го наречува, „се извлекол со убиство“ и кога на Флорида „ќе се отвори оладениот случај“ за тоа.

„Зошто го напушти Конгресот толку тивко и толку брзо? Зарем не е очигледно? Што се случува сега?“, додаде Трамп.

Американскиот претседател, како и инаку во своите пресметки на Твитер, продолжи да ги повторува обвинувањата без да нуди докази

„Удар во глава? Телото пронајдено под маса? Нагло го напушти Конгресот? Голема тема за расправа на Флорида… и да, тое е лудак (со лоша гледаност). Продолжете да копате, форензички гении“, напиша на Твитер во неделата, ретвитнувајќи напис од десничарскиот портал DC Patriot.

Нешто подоцна истиот ден ретвитна линк до уште еден напис во кој се тврди дека „доказите покажуваат веројатно злосторство во сомнителната смрт на помошничката на Скарборо во неговата конгресна канцеларија“, од уште еден нејасен портал True Pundit.

За што навистина станува збор?

Помошничката на тогашниот конгресмен Скарборо е пронајдена мртва во канцеларија

Лори Клаусутис е навистина пронајдена мртва на 20. јули 2001 година во зградата каде била канцеларијата на Скарборо. Веројатно починала ден претходно, а ја пронашла двојка која во канцеларијата дошла да се распраша за работна дозвола. Била сама во канцеларијата зошто колегата бил на годишен одмор.

Меѓутоа, обдукцијата утврдила дека нејзината смрт е несреќен случај и дека никакво насилство не било вклучено. Несреќната девојка, според наодот на обдукцијата, имала недијагностицирана срцева маана, односно пролапс на митралниот залисток кој може да предизвика срцева аритмија, поради што се онесвестила и протоа удрила со главата од работ на масата.

Смртаа настапила како „резултат на акутен субдурален хематом кој се случил како резултат на затворена траума на главата здобиена во едноставен пад“, напиша патологот Мајкл Беркланд во обдукцијата која е направена на 6. август, пишува Washington Post.

Покрај тоа, нејзината положба на телото и рацете покажува дека не се обидела да го спречи падот, додека природата на повредата на мозокот од која починала не е конзистентна со удар. Се дозна и дека тој ден на две лица им рекла дека не се чувствува добро.

Нејзиниот сопруг Ти Џеј Клаусутис, тогаш ја даде својата единствена изјава за случајот, заблагодарувајќи му се на Беркланд на „пронаоѓањето вистински одговори без брзање да донесе брза дијагноза“. Но бидејќи за наодот му требаше повеќе од две недели, гласини за сомнителната смрт почнаа да кружат.

Нејзиното семејствот не сакаше да го коментира случајот за Вашингтон Пост, тврдејќи дека се плашат од тролови кои ќе ги нападнат, токму како што им се случи на родителите на убиените деца во маскарот во основното училиште Сенди Хук во 2012 година, кои ги обвинија дека се „актери“.

Прво го обвинуваа левичари, сега и десничарите на Трамп

Скарборо тогаш, како републикански конгресмен, стана мета на обвинувањата на левичарите. Левичарскиот документарист Мајкл Мур дури планираше да регистрира интернет домен „JoeScarboorughKilledHisIntern.com”. Иронично, речиси 20 години подоцна, му стана мета на Трамп и неговите коментатори, поради тоа што во меѓувреме стана едне од неговите најистакнати критичари во медиумите.

Но Скарборо не бил во канцеларијата дента кога Клаусутис починала. Не бил воопшто на Флорида, туку во Вашингтон. Иако се шпекулираше дека дал оставка поради нејзината смрт, неколку месеци претходно, Скарборо најави оставка во мај, два месеци пред нејзината смрт. Исто така, поранешниот конгресмен за списанието Венити Феар 2005 изјави дека не ја сретнал Клаусутис повеќе од три пати и дека никогаш не бил на само со неа.

Меѓутоа, гласините повторно оживеаја во 2012 година, кога патологот Беркланд е фатен во дека во своето складиште држел повеќе од стотина садови со човечки органи од обдукциите кои ги изведувал приватно, девет години откако е отпуштен од работа на Флорида.

Водителката до Трамп: Ти си сурова, болна и одвратна личност

Но и покрај тврдењата на Трамп, Лори Лаусутис не е „оладен случај“, како што колоквијално се нарекуваат долгогодишните нерешени случаи. Обдукцијата на Клаусутис никогаш службено не е доведена во прашање, а истрагата никогаш повторно не е отворена, зошто полицијата немала причина да се посомнева дека се работи за убиство, како што тврдат Трамп и теоретчарите на завери.

Скарборо и неговата колешка и сопруга Мика Брзезински во меѓувреме се осврнаа на обвинувањата на Трамп во својата емисија на MSNBC. Скарборо го нарече „искучително сурив“ и го замоли да оди „на проверка“ зошто „не е добар“, а Брзезински за „сурова, болна и одвратна личност“.

Но водителката на MSNBC не остана на тоа, туку побара од Твитер да се укине профилот на Трамп на платфората поради кршењето на правилата на страницата. Побара и телефонски разговор од Џек Дорси, основач и директор на Твитер поради „клевети’ кои Трамп ги изрекол преку Твитер. Како Твитер ќе реагира на ова барање останува да се види.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот