Урнатото Источно крило на Белата куќа, каде се гради балската сала / Фото: GENT SHKULLAKU / Profimedia

Трамп сериозно сака новата балска сала да биде поголема од целата Бела куќа, се скарал со архитектот

Американскиот претседател Доналд Трамп е во бизарен спор со архитектот што тој лично го одбрал да ја дизајнира новата балска сала во Белата куќа – американскиот претседател наводно сериозно инсистирал салата која се гради во Белата куќа „да биде поголема од самата Бела куќа“, пишува „Вашингтон пост“.

Напорите за новото зголемување на веќе огромниот додаток на зградата со недели предизвикуваат тензии во Вашингтон, според луѓе запознаени со дискусиите кои разговараа со „Вашингтон пост“.

Балската сала од 8.300 квадратни метри веќе е поголема од источното крило на Белата куќа од 5.100 квадратни метри со кое е поврзана, што предизвикало големи несогласувања меѓу Трамп и архитектот Џејмс Мекрери Вториот.

Мекрери, кој беше присутен кога Трамп непланирано се прошета по покривот на салата за брифинзи во Белата куќа во август, наводно предупредил дека масовното доградување ризикува да прекрши едно од наједноставните правила на архитектурата: да не се дозволи доградбата да ја проголта зградата што треба да ја надополни. Извори велат дека ова објаснување не успеало да го убеди Трамп.

Функционер на Белата куќа призна дека Трамп и Мекрери имале судир, но нагласи дека ништо не било проблематично, опишувајќи го како „конструктивен дијалог“.

„Како и со секоја зграда, постои разговор помеѓу клиентот и архитектот. Сите страни се возбудени да ја реализираат визијата на претседателот за она што ќе биде најголемото доградување на Белата куќа од Овалната соба“, вели функционерот.

Според претходни извештаи, Трамп лично управувал со секој детаљ од проектот, одржувајќи чести состаноци за дизајнот и изложувајќи макета на балската сала во Овалната соба. Доградбата, која претставува една од најголемите структурни промени во 233-годишната историја на импозантното здание, не поминало никаква јавна дебата, а планирањето и изградбата се одвиваат со мала транспарентност.

ВИДЕО | Трамп урна половина од Белата куќа заради балската сала, покажуваат сателитските снимки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот